Дома Фудбал Мaроко триумфираше на отворањето на Купот на нациите. Погледнете го извонредниот гол со ножички

Мaроко триумфираше на отворањето на Купот на нациите. Погледнете го извонредниот гол со ножички

Фудбалерите на Мароко ги поразија Коморските Острови со 2:0 во првиот натпревар на 35-то издание на Африканскиот куп на нации, кое се одржа пред 60 илјади навивачи во Рабат. Домаќините на континенталниот турнир триумфираа благодарение на головите на Брахим Диаз (55′) и Ајуб Ел Кааби (74′). Ел Кааби, кој е напаѓач на Олимпијакос, постигна посебно впечатлив гол со неверојатни ножички, кој можете да го погледнете ОВДЕ.

Како полуфиналист на последното Светско првенство и еден од главните фаворити за освојување на континенталното првенство, Мароко можеше да поведе уште во 11. минута, но Софијан Рахими не успеа да го реализира пеналот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Првиот натпревар секогаш претставува предизвик, но успеавме добро да стартуваме во второто полувреме“, изјави селекторот на Мароко, Валид Реграги. Мароканската репрезентација досега само еднаш го освоила Купот, во 1976 година, додека Египет е рекорден освојувач со седум титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џерард за Ливерпул и Слот: Ќе бидам брутално искрен…

Стивен Џерард е категоричен кога станува збор за враќање во Ливерпул – би се вратил …