Дома Фудбал Марко Верати има нов клуб

Марко Верати има нов клуб

Италијанскиот фудбалер Марко Верати по две години во Ал-Араби станува нов член на Ал-Духаил, објави клубот од Катар.

Верати (32) своите претходни две години ги помина во Катар, каде го носеше дресот на Ал-Араби. Таму одигра 33 официјални натпревари на кои постигна четири гола.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Италијанскиот играч од средниот ред од доаѓањето во Катар во 2023 година не беше дел од националниот тим, бидејќи ги загуби своите позиции на сметка на други соиграчи, но во континенталниот состав на “азурите” запиша 55 натпревари и три гола.

Најголем дел од кариерата го помина во Пари Сен Жермен, каде што одигра 276 натпревари и запиша седум гола, а претходно настапуваше и за Пескара, каде што беше четири години и одигра 74 натпревари.

Ал-Духаил минатата сезона заврши на второто место во катарскиот шампионат, но со доведувањето на искусниот Марко Верати го најавуваат зголемувањето на своите амбиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума за Мусиала: Вознемирен сум, немав намера

Голманот на Пари Сен Жермен Џанлуиџи Донарума изјави дека немал намера да го повреди фудба…