Дома Фудбал Марко Розе доби отказ – заврши љубовта меѓу Германците и нивниот тренер

Марко Розе доби отказ – заврши љубовта меѓу Германците и нивниот тренер

По серија лоши резултати, Лајпциг го отпушти тренерот Марко Розе и тоа го сподели со навивачите и љубителите на фудбалот. Причините беа навистина многу…

Најпрво, треба да се почне од тоа дека клубот забележа само две победи во последните единаесет натпревари во Бундеслигата, падна на шестото место на табелата, но позитивната страна е таа што зоната на Лигата на шампионите сè уште не е далеку.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Покрај тоа, само три освоени бода во Лигата на шампионите навистина се разочарувачки учинок за германскиот клуб, што сопствениците очигледно не му го простија на Розе, и покрај тоа што тимот ќе игра барем во полуфиналето на Купот…

Сепак, мора да се напомене дека Розе е најдобриот тренер во историјата на клубот кога се во прашање успесите, освои во Куп и Суперкуп, а на 128 натпревари на клупата на тимот донесе 72 победи.

И неговите асистенти ќе мора да го напуштат Лајпциг, кој ќе соопшти кое ќе биде привременото решение до крајот на сезоната.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…