
Одмаздата се сервира студена, или барем така мислат во Париз и околината. ПСЖ сè уште не е во целост опоравен од заминувањето на Килијан Мбапе во Реал без обештетување, а сѐ уште постојат правни битки со големи парични износи во центарот на споровите меѓу напаѓачот на Реал Мадрид и управата на францускиот шампион, пишува Марка.
Секој клуб се грижи за своите интереси, а бегството на Килијан Мбапе не го заборавија Ал Келаифи и компанијата. Претседателот на парискиот клуб го искористи своето присуство на EA7 World Legends Padel Tour за да говори за актуелните случувања поврзани со ПСЖ во иднината.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Најдобриот начин да го остави зад себе она што се случи со францускиот репрезентативец е да возврати удар на Реал Мадрид, продолжува Марка. ПСЖ сега истражува можност да доведе некој од бисерите на академијата на Реал.
Оваа сезона е таква што многу млади играчи добија шанса да се покажат во првиот тим, а некои се докажаа кај Анчелоти. Проблемот е што привлечоа внимание не само во Валдебебас туку и надвор од него. И тоа е дел од приказната каде во игра влегува ПСЖ, кој сака да украде некој талент.
Потезите на францускиот тим околу La Fábrica се почувствуваа и предизвикаа предупредувања. Како што рековме, повеќе играчи од академијата се во фокусот на стручњаците на ПСЖ. Реал Мадрид е запознаен со сè, додава Марка. Неодамна академијата на Реал, со кадетскиот тим на Алваро Лопез, победи на турнирот Ал Кас во Доха, кој стана задолжителна дестинација за најдобрите академии во светот.
Едно име веќе е познато
Се истакна Брајан Бугарин, кој неколку дена подоцна потпиша својот прв професионален договор со Реал Мадрид на само 16 години. Избран е за најдобар играч на турнирот, а мадридските директори знаат дека не можат да ризикуваат со неговата иднина, со оглед на тоа дека претходно играл за Селта.
Финалето се играше помеѓу мадридскиот тим и ПСЖ. Иако Французите го победија Реал Мадрид во претходната фаза, победата во одлучувачкиот натпревар беше за Кралевите. Изненадувањето се случи кога Ал Келаифи по натпреварот влезе во соблекувалната да им честита на играчите на двата тима. Неговите потези сега се под лупа.