
Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез е новиот светски шампион во Мото ГП. Со освоеното второ место на Големата награда на Јапонија, 32-годишникот стигна до својот деветти наслов и се изедначи со легендарниот Валентино Роси.
По шест години, Марк Маркез повторно е шампион во Moto GP. Денес, на патеката „Twin Ring Motegi“ во Јапонија, Шпанецот го зазеде второто место, што му беше доволно за нова титула на најдобар во светот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Возачот на Дукати ја освои својата седма титула во најсилната класа, вкупно деветта во кариерата, и по бројот на титули во Moto GP се изедначи со легендарниот Валентино Роси.
Над нив е само Џакомо Агостини со осум титули, и нема да биде изненадување ако Маркез во следните години го надмине овој учинок.
Триумфот на Големата награда на Јапонија денес го постигна Франческо Бањаја од Дукати, а покрај Маркез на подиумот беше и возачот на Репсол Хонда, Хоан Мир.
Reunited with @ducaticorse and the family 🙌 @marcmarquez93 #MoreThanANumber pic.twitter.com/g7h4dlhAm8
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) September 28, 2025