Дома Фудбал Мареска со прво обраќање по отказот од Челси

Мареска со прво обраќање по отказот од Челси

Енцо Мареска, кој беше отпуштен од Челси на првиот ден од 2026 година, за првпат официјално ја коментираше разделбата со клубот од Лондон, преку својот профил на Инстаграм. Италијанецот го направи ова на денот кога клубот официјално го најави Лиам Росиниер како негов наследник. Мареска изјави дека си оди со внатрешен мир, оставајќи го Челси таму каде што треба да биде, и им се заблагодари на фановите и играчите, но не и на раководството.

Еве што напиша Мареска, кој го користеше како наслов цитатот од прошталното писмо на генерал Роберт Бајден-Пауел, кој е основач на скаутското движење:

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„ОСТАВЕТЕ ГО ОВОЈ СВЕТ МАЛКУ ПОДОБАР ОТКОЛКУ ШТО ГО НАЈДОВТЕ“

Моето патување со Челси започна со прелиминарните кругови на конференциската лига. Заминував со внатрешниот мир дека оставам престижен клуб како Челси таму каде што заслужува да биде. Сакам да им се заблагодарам на сите фанови на Челси за нивната поддршка во последните 18 месеци. Поддршка која беше пресудна за пласманот во Лигата на шампионите, освојувањето на конференциската лига и трофејот на Светското клупско првенство. Ова се победи кои секогаш ќе ги чувам во срцето.

Специјална благодарност до сите играчи кои ме придружуваа на ова прекрасно патување.

Им посакувам на сите кои го споделуваа секој момент со мене, многу успеси во втората половина на сезоната и во иднината.

Ти благодарам, Челси, од мое и од името на моето семејство.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…