Дома Фудбал Мареска се налути на судиите: Не ми требаат вашите извинувања

Мареска се налути на судиите: Не ми требаат вашите извинувања

Тренерот на Челси е познат по тоа што секогаш зборува без влакна на јаизкот, и така беше и во овој случај кога темата беа англиските судии.

Нивото на судење во Англија е нешто за кое многу се зборува, а претходните сезони навистина видовме сешто.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Со воведување на ВАР системот, сите очекуваа дека стандардот на судење ќе биде многу подобар. Но, очекувањата не секогаш се реалност.

Како што стојат работите, ВАР не многу им помогна на англиските судии, кои од натпревар во натпревар продолжуваат да прават грешки.

Она што се промени до некој степен е што тие почнаа да ги прифаќаат грешките што ги прават и да преземаат одговорност за нив.

Така, Здружението на фудбалски судии во Англија (PGMOL) испрати официјално извинување на адресата на лондонскиот Челси.

Тренерот на Сините, Енцо Мареска, го потврди тоа во еден разговор, но не сакаше да открие за која спорна ситуација добиле извинување.

Се претпоставува дека е тоа за недосудениот пенал на 4 јануари против Кристал Палас, кога Педро Нето беше очигледно фаулиран во казнениот простор.

„Пред две или три натпревари, се сеќавам дека не беше досуден пенал и потоа испратија е-пошта со извинување во кое рекоа дека погрешиле. Нам не ни требаат извинувања!“ изјави Италијанецот.

Со оваа изјава, 44-годишниот стручњак алудираше дека зборовите не се доволни, туку дека треба да се преземат и одредени акции за подобрување на нивото на судење на Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Консеисао го отпиша Јовиќ, има четири опции за негова замена!

Тренерот на Милан, Серџо Консеисао, сака да ја засили офанзивната линија, а клубот прави с…