
Легендарниот британец Енди Мареј нема да учествува активно на Вимблдон, бидејќи скоро ја заврши соработката со Новак Ѓоковиќ. Признава дека ако нема активна улога, било како играч или како тренер, нема премногу амбиции да присуствува на тениски настани.
Трикратниот освојувач на грен слем годината ја започна како тренер на Новак Ѓоковиќ. Тоа беше и неговиот прв тренерски ангажман, кој не траеше долго, бидејќи беше завршен и пред Ролан Гарос, а открива дека нема да има активна улога на Вимблдон.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
– Немам некои планови. Ако не сум активно вклучен, не одам на тениски натпревари како навивач. Повеќе одам на голф отколку да гледам тенис. Но ако некои од моите деца сакаат да одат, секако ги водам. Секако, ако некој британски играч стигне до финалето на Вимблдон, би одел. Пред некоја година отидов на финалето кога играа Ѓоковиќ и Алкарас, само затоа што имав чувство дека ќе биде голем натпревар – изјави Мареј.
Фотографија: Принтскрин