Дома Останати Тенис Мареј му поставил ултиматум на Ѓоковиќ

Мареј му поставил ултиматум на Ѓоковиќ

Долго време се шпекулираше дали Енди Мареј ќе ја продолжи соработката со Новак Ѓоковиќ.

На крајот, двајцата асови се договорија и ќе продолжат заедно во остатокот од сезоната, но не баш на сите турнири. За тоа зборуваше Лара Робсон во интервју за „Еуроспорт“. Таа практично откри дека Британиецот поставил мал ултиматум кон Србинот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Мареј е многу зафатен дома. Колку што знам, долго им требаше да се договорат околу распоредот и каде можат да бидат заедно“, раскажа поранешната тенисерка Лаура Робсон на „Еуроспорт“.

Според нејзините зборови, Мареј сака да поминува одредено време дома и да не биде на располагање на Новак Ѓоковиќ 365 дена. 

„Енди, сигурно, не сакаше долги периоди кои ќе ги минува надвор од дома кога пред само неколку месеци замина во пензија. Претпоставувам дека им требало време да се договорат, како што морале и нивните агенти“, објаснува таа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…