Дома Фудбал Манчестер Сити во јануари може да се засили со Египќанец и Бразилец

Манчестер Сити во јануари може да се засили со Египќанец и Бразилец

Манчестер Сити се наоѓа во длабока криза. Актуелниот четирикратен шампион на Англија победи само еднаш во последните 13 натпревари во сите натпреварувања. Во моментов, тимот на Пеп Гвардиола заостанува 14 поени зад водечкиот Ливерпул, а има одиграно и еден натпревар повеќе.

Најголемиот проблем е повредата на добитникот на „Златната топка“ Родри, која остави ненадоместлива празнина во средниот ред. По ремито со Евертон на „Боксинг деј“, Гвардиола на прес-конференцијата изјави дека му е потребен поширок кадар и најави можни трансфери во јануари: 


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


“Зимскиот трансфер-пазар не е лесен. Но ние сакаме играчи за следните три, четири, пет години. Ќе се обидеме да доведеме некого кој може да ни помогне, бидејќи не можеме долго да издржиме со толку многу повредени играчи.”

Англиските медиуми пишуваат дека желба на Сити се двајца играчи. Едниот е напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш (25), а другиот е неговиот врсник Едерсон од Аталанта кој е дефанзивен играч за врска.

Египќанецот Мармуш моментално е еден од најдобрите напаѓачи во светот и оваа сезона има 18 голови на 24 натпревари. Неговата вредност се зголеми тројно за само шест месеци и сега изнесува 60 милиони евра. 

Едерсон оваа сезона е незаменлив член во првите 11 на Џан Пјеро Гасперини и со Аталанта моментално се наоѓа на врвот на италијанската Серија А. Јасно е дека ниту еден од овие играчи нема да биде евтин, но за Сити парите не се проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Снегот не ги промени плановите: Дербито на „Енфилд“ ќе се игра! (Видео)

Фудбалерите наЛиверпул иМанчестер Јунајтед треба да го одиграат дербито на 20. коло од Пре…