Дома Фудбал Манчестер Сити пронајде замена за Гундоган: Гвардиола го сака еден од најдобрите фудбалери за врска

Манчестер Сити пронајде замена за Гундоган: Гвардиола го сака еден од најдобрите фудбалери за врска

Манчестер Сити најде замена за германскиот фудбалерот од средниот ред Илкај Гундоган кој има договор со Граѓаните до летото 2026 година.

Иднината на 34-годишниот Гундоган во редовите на Граѓаните е неизвесна, а Сити, според напишаното од Скај Спорт, го има пронајдено неговиот наследник.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Така, англискиот тим е заинтересиран за средишниот играч на Милан, Тијањи Рејндерс, за кого „Росонерите“ би требало да добијат 65 милиони евра, што не треба да претставува проблем за Граѓаните.

Рејндерс е стандардниот средишен играч на Милан и се смета за еден од најдобрите средишни играчи на денешницата, бидејќи оваа сезона одигра 46 натпревари и постигна 14 голови, со четири асистенции.

Во почетокот на март го продолжи договорот со Милан до 2030 година, но е многу заинтересиран за преминување во Англија.

Од друга страна, Сити по разочарувачката сезона сака дополнително да ја зајакне екипата, а едно од можните засилувања е Тијањи Рејндерс.

Холанѓанецот во летото 2023 година премина од АЗ Алкмар во Милан за 21 милион евра, а оттогаш има одиграно 96 натпревари за повеќекратниот шампион на Италија и постигнал вкупно 18 голови со осум асистенции.

Пазарната вредност според порталот Трансфермаркт му се проценува на 50 милиони евра.

Фото: Manchester City/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо бил подготвен да се врати во Интер: Една работа го спречила!

Имално недостасуваше, поточно, желбата на Интер да ја плати клаузулата. Според информациит…