Дома Фудбал Манчестер Сити потроши над 150 милиони евра, но нема тука да застане – Пеп сака трио од Серија А!

Манчестер Сити потроши над 150 милиони евра, но нема тука да застане – Пеп сака трио од Серија А!

Иако ова зима веќе потроши 152 милиони евра на засилувања, менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, има намера да донесе уште тројца фудбалери од италијанската Серија А, објавија британските медиуми.

Сити игра ужасно лошо од почетокот на оваа сезона, ќе ја загуби титулата во Премиер Лигата по четиригодишната сурова доминација, а во Лигата на шампиони мора да го победи Клуб Бриж во среда навечер дома за да “преживее” првата фаза и да се пласира во осминафиналето.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


Да потсетиме, Сити во овој месец го донесе египетскиот напаѓач Омар Мармуш (25) од Франкфурт за 75 милиони евра, за 20-годишниот узбекистански стопер Абду Кусанов плати на францускиот Ленс 40 милиони, а 19-годишниот бразилски стопер Витор Реис, кој пристигна од Палмеирас, чинеше 37 милиони.

И тука не изгледа дека е крајот…

Прв на списокот на желби на Гвардиола, а за тоа пишувавме пред неколку дена, е “фулбекот” на Јувентус, Андреја Камбијазо (24), кого италијанскиот клуб не сака да го пушти среде сезона, освен ако не дојде “понуда која не може да се одбие”. Според проценките на британските медиуми, тоа би можело да значи дека Јуве би попуштил ако им понудат 100.000.000 евра, но би било навистина фасцинантно таа сума некој да ја плати за овој играч.

Пеп сака да го подмлади средниот ред на Сити, каде што сега се Гундоган (34), Де Брујне (33) и Бернардо Силва (30), и така на Родри, кога ќе се опорави, да му доведе ново друштво.

Шпанскиот тренер ќе тргне по двајца Бразилци, Даглас Луиз исто така од Јувентус и Едерсон од Аталанта. Луиз помина две години во Сити, кој го продаде на Астон Вила во летото 2019 за 17 милиони евра.

Луиз (25) минатото лето премина во Јувентус со трансфер вреден 51 милион евра, но кај Тијаго Мота воопшто не игра.

Едерсон (25) го облече дресот на Аталанта во 2022 година, кога стигна од Салернитана за 23 милиони евра. Договорот со клубот од Бергамо му трае до јуни 2027 година.

Дали некој од овие тројца веќе сега во јануари ќе се пресели во Манчестер или ќе се одложат работите за лето, останува да се види…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл на натпревар ќе патува 12 часа со автобус

Фудбалерите на Њукасл можеби ќе треба да патуваат 12 часа со автобус за утрешниот натпрева…