Дома Фудбал Манчестер Сити плаќа 40 милиони евра за фудбалер кој одигра 22 професионални натпревари?

Манчестер Сити плаќа 40 милиони евра за фудбалер кој одигра 22 професионални натпревари?

Манчестер Сити е блиску до потпишување со 18-годишниот бразилски стопер Витор Реис од Палмеирас. Младиот фудбалер прифатил договор со англискиот шампион, а Палмеирас треба да добие околу 40 милиони евра, пишува Фабрицио Романо, кој додава дека трансферот е завршен експресно. Сити сака да избегне потенцијални драми и да го осигура младиот стопер пред конкуренцијата.

Витор Реис има одиграно 22 професионални натпревари во кариерата и постигнато 2 гола. Претходно одигра 16 натпревари за младинците на Палмеирас. Младиот стопер вреди 14 милиони евра, а за бразилската репрезентација до 17 години има осум настапи. Се смета дека е еден од најталентираните бразилски фудбалери и иднина на сениорската репрезентација.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Може да игра и на позицијата десен бек, а неговиот талент го препозна уште пред осум години фудбалската школа на Робиньо (R10 Академија) во Параиба, која го донесе како десетгодишник. Во Сити би требало веднаш да биде приклучен на сениорскиот тим на Пеп Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим ќе го избрка Рашфорд зашто сака крило од светска класа

Медиумите пишуваат дека Манчестер Јунајтед стапил во разговори со Наполи во врска со потен…