Дома Фудбал Maнчестер сити не го завршил преодниот рок: Гвардиола има уште една желба!

Maнчестер сити не го завршил преодниот рок: Гвардиола има уште една желба!

Ако ги вклучиме и зимските трансфери, како доведувањето на Кусанов, Витор Реис, Мармуш, Ник Гонзалес, заедно со Алт-Нури, Черки, Рејндерс и голманот Трафорд, Гвардиола потроши околу 350 милиони евра во последните две трансфер-периоди.

Дали тоа значи дека имаат совршен тим?

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Не баш, му недостига десен бек.

Се шпекулира дека желбата на Шпанецот а е Тино Ливраменто. Тој се вклопува во бараниот профил, играчот на Њукасл има само 22 години, а веќе четири сезони е дел од Премиер лигата. Поранешниот играч на Саутемптон сепак ќе биде тешко да добие дозвола од Њукасл да замине.

Весли од Фламенго заврши во Рома, но тој не ги помина тестовите на Сити, како ни неговиот сонародник Вандерсон од Монако. 

Значи, првото нешто е да заминат играчите кои не се во план (Гвардиола моментално има 31 играч, а сака да го намали бројот за десетина), освен споменатите, Нипан кој дојде од Розенборг ќе оди на позајмица, младиот Џума Ба веќе се пресели во Ница, а Нико О’Рајли може да замине на искуство, како и Кусанов, кој сè уште не го научи англискиот.

Само откако ќе се реши прашањето за заминувањата, можеби во последната недела од преодниот рок, клубот ќе се обиде да доведе уште некој играч за десната страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе прифати намалување на платата од 16 на 8 милиони евра, само за да игра во Дортмунд

Шпекулациите за трансферот на англискиот крилен напаѓач Џејдон Санчо (25) добија нов пресв…