Дома Фудбал Манчестер Сити ја победи Вила со гол во 94. минута, Гвардиола се радуваше како да освоил титула (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја победи Вила со гол во 94. минута, Гвардиола се радуваше како да освоил титула (ВИДЕО)

Манчестер Сити оствари важна домашна победа од 2-1 против Астон Вила во првиот натпревар од 34. коло на англискиот шампионат, со што нивниот тим стигна до третото место во поредокот и многу блиску до пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Домашните поведоа во 7. минута со голот на Бернардо Силва, Рашфорд од пенал израмни на 1-1 во 18. минута по невнимателниот старт на Рубен Диас врз Ремзи во шеснаесетникот, а тој резултат стоеше до четвртата минута од судиското надополнување на вториот дел кога Матеус Нунес го искористи одличниот пробив од Доку и постигна гол.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Сити сега е трет на табелата со 61 бод, еден повеќе од четвртопласираниот Нотингем Форест и два повеќе од петтопласираниот Њукасл Јунајтед, додека Астон Вила останува седма со 57 бодови, исто колку и шестопласираниот Челзи.

Три од тие пет екипи ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона, а водечките Ливерпул (79) и второпласираниот Арсенал (66) ги обезбедуваат првите две места.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола подготвува летен трансфер каков што не се памети во фудбалот

Манчестер Сити игра една од најслабите сезони откако Пеп Гвардиола дојде во клубот. „Граѓа…