Дома Фудбал Манчестер Јунајтед сонува за Баркола

Манчестер Јунајтед сонува за Баркола

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед може да го доведе крилото на Пари Сен Жермен Брадли Баркола како потенцијален заменик за Маркус Рашфорд, пренесува каталонскиот весник “Спорт”.

Според информациите, „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го купат Баркола, ако Барселона го финализира трансферот на Рашфорд, кој моментално игра на заем во “блаугранасите”.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Покрај Баркола, управата на Јунајтед разгледува уште четворица фудбалери како алтернативи: Јан Диоманд (РБ Лајпциг), Хесус Родригес (Комо), Маршал Годо (Стразбур) и Илиман Ндиаје (Евертон).

Во текот на оваа сезона, Баркола има одиграно 35 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања, во кои постигна 9 гола и направи 5 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…