Дома Фудбал Манчестер Јунајтед пред Ливерпул испрати спектакуларна понуда од 90 милиони евра за вистински фудбалски ѕвер

Манчестер Јунајтед пред Ливерпул испрати спектакуларна понуда од 90 милиони евра за вистински фудбалски ѕвер

Откако го разрешија Рубен Аморим, раководството на Манчестер Јунајтед се насочи кон јануарскиот трансфер-период.

Манчестер Јунајтед испрати понуда од огромни 90 милиони евра за да го победи ривалот Ливерпул за потписот на Јан Диоманде.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Диоманде доживеа многу брз подем откако од Леганес дојде во Лајпциг.

Од доаѓањето во бундеслигашот, постигна седум голови и додаде четири асистенции во 16 одиграни натпревари оваа сезона.

Диоманде гради репутација како експлозивен играч кој има повеќе „трикови во ракавот“ и лесно се справува со противничките дефанзивци.

Деветнаесетгодишниот момче моментално игра за репрезентацијата заедно со ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Амад Диало, на АФКОН.

Неговата вредност само продолжува да расте откако во вторник постигна гол во победата на Брегот на Слоновата Коска од 3:0 против Буркина Фасо.

Според англиските медиуми, потрагата по овој играч продолжува, а Манчестер Јунајтед наводно испратил официјална понуда од 90 милиони евра.

Наводно раководството на Манчестер Јунајтед е на добар пат да постигне договор со играчот, но и со раководството на Лајпциг.

Наводно Лајпциг му дал дозвола на Диоманде да преговара со Манчестер Јунајтед за потенцијален трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Потврден најголемиот трансфер во јануари – 75 милиони евра!

Манчестер сити го заврши трансферот што им дава дополнителна надеж дека можат до титулата …