Дома Фудбал Манчестер Јунајтед не се откажува од германски репрезентативец

Манчестер Јунајтед не се откажува од германски репрезентативец

Раководството на Манчестер Јунајтед продолжува да ја следи одблизу ситуацијата со играчот од средината на теренот на Штутгарт, Анџело Штилер, тврди германскиот новинар Флориан Плетенберг.

Германскиот репрезентативец беше поврзуван со „црвените ѓаволи“ уште минатото лето, а неговата добра игра во новата сезона дополнително го привлекла вниманието на луѓето од „Олд Трафорд“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во моментот тој дури се искачи повисоко на листата со посакувани имиња за засилување во средината на теренот, бидејќи најспоменуваното име во текот на летото, Карлос Балеба, има слаба сезона досега и интересот кон него е намален.

24-годишниот играч од средината на теренот е отворен да го смени тимот следното лето, а преселбата на Островот ќе биде еден од главните избори за играчот. Ситуацијата околу играчот е комплицирана бидејќи тој има ослободителна клаузула во договорот во износ од 36 милиони евра, но од Штутгарт во моментов се обидуваат да го убедат фудбалистот да потпише нов долгорочен договор, за да можат да постават повисока цена следното лето.

Според локалните медиуми од „швабите“, тие планираат да постават цена од најмалку 50 милиони евра за Штилер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ла Лига ја одби жалбата, но Барса не се откажува

Денес пристигна потврда – Ханси Флик доби еден меч суспензија поради црвениот картон…