
Големи имиња повторно се поврзуваат со Олд Трафорд. Манчестер Јунајтед започнува трансфер борба која ќе ја води директно во Милано, со намера да го донесат играчот на Сан Сиро.
„Ѓаволите“ активно бараат нов играч за средината, кој веднаш би можел да додаде стабилност на тимот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Мајкл Карик има желба да доведе играч кој не само што го познава ритамот на Премиер лигата, туку е и дополнително зрел благодарение на меѓународното искуство.
Имено, фокусот е насочен кон Серие А.
Во оваа постапка се вклучува и Астон Вила, која внимателно ја следи ситуацијата и подготвена е да се бори.
Станува збор за Рубен Лофтус-Чик, играч од средниот ред на Милан, кој е отворен за враќање во Премиер лигата.
Англичанецот веќе изрази подготвеност да размисли за враќање во татковината, посебно ако се појави сериозен проект.
Манчестер Јунајтед го гледа како идеален профил за играч кој може да покрие повеќе позиции во средниот ред.
Карик смета дека неговото искуство од италијанскиот фудбал може да биде огромна предност во текот на сезоната.
Од друга страна, Астон Вила не сака да ја пропушти можноста за засилување на конкуренцијата во средниот ред.
Сепак, Милан не мирува и веќе започна разговори за продолжување на договорот.
Росонерите се свесни за интересот од Англија и целат што поскоро да ги завршат преговорите.
И покрај ова, интересот од клубовите во Премиер лигата би можел да ја комплицира ситуацијата.
Лофтус-Чик се покажа како важен играч во Милано, но враќањето дома секогаш има посебно значење.
Во следните денови се очекуваат поконкретни чекори, бидејќи стууацијата полека станува сериозна.
Јасно е – Манчестер Јунајтед, предводен од Карик, бара засилувања што можат веднаш да направат разлика.