
Манчестер Јунајтед официјално објави дека Каземиро ќе го напушти клубот по крајот на сезоната, кога неговиот договор ќе истече.
33-годишниот Бразилец до сега одигра 146 натпревари и постигна 21 гол за „црвените ѓаволи“, откако беше привлечен од Реал Мадрид во 2022 година за 70 милиони фунти. Во актуелната сезона искусниот среден играч, кој добива една од највисоките плати на „Олд Трафорд“, има 21 натпревар во сите турнири.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Манчестер Јунајтед ќе го носам во себе целиот свој живот“, рече Каземиро во изјава.
„Од првиот ден кога стапнав на овој прекрасен стадион, ја почувствував страста на „Олд Трафорд“ и љубовта, која сега ја делам со нашите навивачи, кон овој посебен клуб. Не е време за збогум, бидејќи има уште многу спомени што ќе ги создадеме во следните четири месеци.
Сè уште имаме многу за што да се бориме заедно. Како и секогаш, целосниот мој фокус ќе остане на тоа да дадам сè од себе за да му помогнам на нашиот клуб да успее“, изјави Каземиро преку официјалната веб-страница на 20-кратните шампиони.
Бразилецот ја освои Купот на Лигата и ФА Купот со екипата на Манчестер Јунајтед.