
Манчестер Јунајтед е близу до реализација на трансферот на 16-годишниот голман Чарли Харди, кој брани за кадетската екипа на второлигашот Дерби Каунти, објавија британските медиуми.
Талентираниот голман досега има пет настапи за кадетската репрезентација (У16) на Англија. Младиот голман ќе се приклучи на младинската школа на Црвените ѓаволи.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Голманите кои завршуваат од младинската школа на Манчестер Јунајтед ретко добиваат шанса да бранат за првата екипа на Олд Трафорд. Во последните 40 години, само Дин Хендерсон (28), сегашниот голман на Кристал Палас, доби шанса да бранат за првата екипа на Јунајтед. Во сезоната 2020/21, тој оствари 26 настапи, а потоа беше заменет од Шпанецот Давид де Хеа.
.