Дома Фудбал Манчестер Јунајтед или Барселона? Рашфорд јавно кажа каде сака да игра следната сезона!

Манчестер Јунајтед или Барселона? Рашфорд јавно кажа каде сака да игра следната сезона!

Рашфорд не успеа да го убеди Рубен Аморим да му даде шанса во Манчестер Јунајтед, но откако стигна во Барселона на позајмица игра навистина одлично во овој клуб.

Под водство на Ханси Флик, Рашфорд одигра 24 натпревари, постигна седум голови и забележа 11 асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Барселона има опција на крајот на сезоната да го откупи договорот на Рашфорд од Манчестер Јунајтед за 30 милиони евра.

Иако Барселона сè уште не одлучила дали ќе го направи тоа, самиот напаѓач јавно откри дека сака да остане во овој клуб и дека нема намера да се врати во Манчестер Јунајтед.

“Се разбира, она што го сакам е да останам во Барселона, тоа е моја цел, но тоа не е причината зошто тренирам и го давам најдоброто од себе. Целта на сето тоа е да се победува. Барселона е огромен, фантастичен клуб, изграден за освојување титули.

Тука постои притисок, но тоа не е негативен притисок, тоа е оној притисок по кој жеднувате како фудбалер, онаков каков што отсекогаш и посакував.

Не можам да бидам на место каде што нема високи очекувања. За мене е потешко да останам мотивиран и да го дадам најдоброто од себе во клуб каде барањата не се големи”, кажа Рашфорд за Спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ги предаде сите документи – се чека одлука од општината.

Враќањето на Барселона на „Спотифај Камп Ноу“ стана реалност, откако тимот се соочи со Атл…