Дома Фудбал Манчестер јунајтед има две опции за нов лев бек

Манчестер јунајтед има две опции за нов лев бек

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед интензивно работи на зајакнување на левата бековска позиција во својот тим, со цел да ја затвори оваа клучна улога пред завршувањето на јануарскиот преоден рок.

Според извори блиски до клубот, „црвените ѓаволи“ разгледуваат две потенцијални засилувања – Патрик Доргу и Алваро Карерас.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Овие двајца фудбалери се на врвот на листата со приоритети, но Манчестер Јунајтед ќе мора да ги надмине финансиските предизвици за да ги доведе во својот состав.

Првата понуда за Патрик Доргу, која изнесувала 27 милиони евра, беше одбиена од страна на италијанскиот Лече, кој инсистира на сума од најмалку 40 милиони евра за својот талентиран бек.

Доколку не успеат да го убедат Лече да го намали барањето, Јунајтед би можел да се сврти кон втората опција – Алваро Карерас.

Овој шпански бек има претходно искуство со клубот, но беше продаден на Бенфика. Сега, Манчестер Јунајтед би можел да го врати во своите редови за сума од околу 18 милиони евра, што претставува значително поповолна финансиска инвестиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Класата е вечна, фантастична асистенција на Модриќ🎥

Лука Модриќ иако длабоко во четвртата деценија се уште игра фантастично во дресот на Реал …