Дома Фудбал Манчестер јунајтед го продава промашувањето од 95 милиони евра

Манчестер јунајтед го продава промашувањето од 95 милиони евра

Бразилскиот крилен напаѓач Ентони повеќе нема место во тимот на Манчестер Јунајтед, пишуваат медиумите. По заминувањето на холандскиот тренер Ерик тен Хаг и доаѓањето на Португалецот Рубен Аморим, Ентони стана вишок. Тен Хаг и тој соработуваа во Ајакс, каде што Бразилецот играше одлично и беше еден од клучните луѓе за играта на Тен Хаг.

Холанѓанецот со доаѓањето во Јунајтед го повлече Ентони со себе и ја убеди управата да плати огромни 95 милиони евра за него. Не ги оправда очекувањата. Неговата цена на „Трансфермаркт“ нагло падна и сега вреди 20 милиони евра. Оваа сезона постигна само еден гол, и тоа во ЕФЛ Куп, а настапи на само пет натпревари, претежно влегувајќи од клупата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Управата на клубот му порача дека во зима може да замине од клубот. Договорот му трае до 2027 година и јасно е дека Јунајтед не планира понатаму да го плаќа. Фудбалерот роден во Сао Паоло до пред една година беше бразилски репрезентативец.

„Марка“ пишува дека Ентони ќе биде предмет на „најшокантниот трансфер во зимскиот преоден рок“. Имено, како што наведува истиот медиум, Ентони го посакува Реал Бетис, деветтопласираниот тим од Ла Лига. Шпанскиот клуб веќе го контактирал Јунајтед за да ги договори условите за зделката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Манчестер Сити осум години на натпреварите носи исти боксерки

Голманот на Манчестер Сити, Едерсон, во интервју за Би-Би-Си откри дека е суеверен на тере…