Дома Фудбал Манчестер јунајтед го најде решението за своите проблеми во Бундеслигата

Манчестер јунајтед го најде решението за своите проблеми во Бундеслигата

Манчестер Јунајтед веќе подолго време се мачи на теренот, а еден од најголемите проблеми им е самиот врв на нападот.

Манчестер Јунајтед долго време не е ни сенка од клубот каков што беа во далечното минато.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Последната титула во англиската Премиер лига ја добија Црвените ѓаволи во 2013 година кога на клупата беше легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Со заминувањето на Шкотланѓанецот сè отиде на полошо, недостасуваат трофеи, а и самото место што води во Лигата на шампионите е моментално само мисловна именка за нив.

Се наоѓаат на очајното 13. место на табелата во Премиер лигата со само 37 освоени поени во 29 натпревари и гол-разлика -3.

„Ѓаволите“ се испаднати одамна од двата купа на домашната сцена (ФА и ЕФЛ), така што единствената шанса за трофеј оваа сезона им е Лигата на Европа каде се сè уште во игра.

Многу се зборуваше за Ѓокереш кој веќе соработувал со сегашниот тренер Рубен Аморим, но цената претставува голем проблем во тој трансфер.

Исто така, Ѓокереш моментално е еден од најбараните напаѓачи во светот, па не би било чудно и да има некоја друга опција на ум.

Манчестер Јунајтед веќе го префрли фокусот на друг играч, а тоа е играч од Бундеслигата – Хуго Екитике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед подготвува 120 милиони евра за двајца играчи од средината на теренот

Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои 120 милиони евра за трансфер на двајца играчи од …