Дома Фудбал Манчестер јунајтед и Арсенал во трка за потписот на Влаховиќ

Манчестер јунајтед и Арсенал во трка за потписот на Влаховиќ

Медиумите во Англија известија дека Арсенал и Јунајтед сакаат да го доведат Душан Влаховиќ во своите редови.

Јувентус и Влаховиќ неодамна дојдоа до „ќор-сокак“ во преговорите за новиот договор, што ги алармираше клубовите од Премиер лигата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Влаховиќ не сака да прифати намалување на платата кое го предлага клубот од Торино. Преговорите не напредуваа и Јуве се помири со фактот дека српскиот напаѓач нема да ја продолжи соработката.

Соодветно на тоа, реална опција е продажба пред истекот на договорот, за да заработат од тој трансфер.

Јувентус веќе се подготви за потенцијалното заминување на Влаховиќ, откако го доведе Рандал Коло Муани, кој се чини дека добро се вклопи во Јувентус. Веќе во два натпревари постигна три гола.

Според англиските медиуми, развојот на ситуацијата околу српскиот напаѓач го следат четири клуба од Премиер лигата, а главните кандидати се Арсенал и Манчестер јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…