Дома Фудбал Малдини откако Модриќ го нападна Винисиус: Претходно не беше ваков

Малдини откако Модриќ го нападна Винисиус: Претходно не беше ваков

На натпреварот помеѓу Леганес и Реал Мадрид (2:3) во Купот на кралот видовме ситуација која не е карактеристична за Лука Модриќ, кога 39-годишниот Хрват вербално нападна својот соиграч Винисиус Жуниор. иако имаше причина за тоа..

Модриќ е лидер на Реал и еден од оние кои сите го почитуваат, дури и противничките играчи и навивачи, а соиграчите дури не треба ни да се споменуваат. Ни Винисиус не е некој што не го почитува Лука, па не можеше претерано да се лути поради она што Хрватото му го кажа во натпреварот.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Лукиќ, всушност, се вознемири затоа што Вини не се враќа во одбрана и поранешниот играч на Динамо и Тотенхем реши да му одржи лекција. Ова беше една од темите на денот во шпанскиот спорт.

“Вини, не ме зезај, треба да се враќаме за да помогнеме,” беа зборовите кои Модриќ му ги упати на Винисиус, пренесува Defensa Central.

На тоа следеше неверојатна реакција од Винисиус кој арогантно во својот стил неколку пати го кажа: “Добро, добро, добро”. Тој снимок можете да го погледнете овде. Меѓу играчите кои на теренот веднаш го поддржаа Модриќ беше и Федерико Валверде кој исто така го критикуваше Бразилецот.

На оваа тема се надоврза познатиот аналитичар Фибре Малдини, кој често ги коментира игрите на мадридскиот клуб и сè што се случува околу кралскиот клуб.

Малдини смета дека е нормално вакви работи да се случат затоа што “Винисиус не се однесе добро”. Дополнително истакна дека е “фудбалер кој е толку офанзивно ориентиран што често го игнорира одбранбениот труд, а тоа не треба да биде случај”.

“Во елитниот фудбал, сите мора да се бранат без топка”, рече Малдини. Додаде дека “Винисиус порано не беше ваков”.

“Се сеќавам на првиот Винисиус во Реал Мадрид, кога многу работеше без топка. Тоа денес не е така”, истакна и кажа дека сепак верува дека Бразилецот ќе сфати каде греши и дека во иднина ќе се подобри.

“Млад е, уште има време сето да го исправи, но тој е феномен,” порача Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе се бори против Челси и Манчестер јунајтед за ѕвезда на Дортмунд

Ливерпул е подготвен да им се спротивстави на ривалите Челси и Манчестер јунајтед за потпи…