Дома Фудбал Останато МакГрегор ја повлече кандидатурата за претседател на Ирска

МакГрегор ја повлече кандидатурата за претседател на Ирска

Конор МекГрегор (37) неодамна објави дека планира да се кандидира за претседател на Ирска, но со најновата објава на своите профили на општествените мрежи потврди дека ја повлече својата кандидатура. Најпопуларниот ММА борец на сите времиња веќе некое време флертуваше со влез во политички води, а откако ги повика Ирците да го номинираат и да гласаат за него на изборите кои се одржуваат на 24 октомври, сега ја повлече истата одлука.

„Народе од Ирска, неодамна ја објавив својата искрена и сериозна намера да се кандидирам за претседател на Ирска. Голем сум обожавател на нашата земја и се гордеам со неа. На светската сцена го покажав борбениот ирски дух и докажав дека заслужуваме место меѓу најдобрите. Искрено сум почестен од поддршката и охрабрувањето кое го добив обиколувајќи го целиот остров, разговарајќи со „заборавените Ирци“ кои се чувствуваат напуштени и занемарени од страна на владејачката политика.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Минатата среда отпатував во Њујорк, град во кој живеат многу Ирци кои таму ги следеа своите соништа. Таму оддадов почит на жртвите од терористичките напади на 11 септември и разговарав со американската администрација за своите планови за Ирска. Сè уште сум во Америка, каде што учествувам на непланирани состаноци кои ќе резултираат со нови бизниси за Ирска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реакција на кик-бокс федерацијата за боречкиот настан во „Јане Сандански“: Настанот нема допирна точка со ММА

Кик-бокс и маитаи федерацијата на Македонија се огласи со реакција околу ММА настанот што …