Дома Останати Тенис Македонија со триумф против Јужна Африка го почна БЏК-купот

Македонија со триумф против Јужна Африка го почна БЏК-купот

Македонските тенисерки на одличен начин ги отворија натпреварите од Втората евро-африканска зона на Били Џин Кинг (БЏК) купот, кој се одржува во Ларнака, Кипар. Со вкупен резултат од 2-1, тие ја совладаа репрезентацијата на Јужна Африка, благодарение на убедливите победи во сингл мечевите.

Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска беа сигурни на теренот и им препуштија само по три гема на своите противнички. Стоилковска ја отвори средбата против Дона Ле Ру и славеше со убедливи 2-0 во сетови (6-3, 6-0) за само 40 минути игра. По неа, Ѓорческа го потврди водството со уште една доминантна победа над Мари Луи Ван Зил, исто така со 2-0 (6-2, 6-1).

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Во мечот во двојки, селекторот Димитар Лабудовиќ одлучи да им даде шанса на Јана Божиновска и Ана Митевска, кои се соочија со двојката Ле Ру – Ван Зил. И покрај добриот почеток, македонската двојка не успеа да се избори за победа, а Јужноафриканките славеа со 2-0 (6-2, 6-0).

Фото: МТФТ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ролан Гарос не се сеќава на вакво нешто: Целосна лудница кога го видоа херојот на Париз

Ролан Гарос приреди вистински спектакл и направи преседан пред натпреварот помеѓу Новак Ѓо…