Дома Фудбал Македонија пред тежок предизвик: Велс има фудбалери од Премиер лигата и Чемпионшип – може ли да изненадиме?

Македонија пред тежок предизвик: Велс има фудбалери од Премиер лигата и Чемпионшип – може ли да изненадиме?

Maкедонската фудбалска репрезентација по натпреварот против Лихтенштајн во Вадуц денеска на домашен терен ќе игра против Велс во второто квалификациско коло од Светското првенство.

Според очекувањата Велс би можела да биде репрезентацијата против која Македонија ќе се бори за место на Мундијалот, па поради тоа овој натпревар може да се покаже и како еден од најважните во квалификациите, иако е само второ коло.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Велс е една квалитетна репрезентација и составена од фудбалери кои играат во Премиер лигата и Чемпионшип.

Селекторот Белами се соочи со проблеми со повреди бидејќи не може да смета на капитенот Арон Рамзи, Итан Ампаду од Лидс и Хари Вилсон од Фулам. Под знак прашалник е и фудбалерот на Тотенхем Брена Џонсон.

Од останатите фудбалери кои се подготвени за настап тука: Неко Вилијамс од Нотингем Форест, Дејвид Брукс од Бркс, Џо Ален од Свонси, Бен Дејвис од Тотенхем, Кифер Мур од Шефилд…

Јасно е дека нема да биде лесно, меѓутоа македонските фудбалери секако дека ќе се обидат да изненадат.

Во натпреварот од првото коло и двете репрезентации славеа победа, Македонија го доби Лихтенштајн со 3-0, а Велс Казахстан со 2-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реднап: Тухел е шпион, дојден е да ја уништи Англија

Поранешниот тренер на Тотенхем, Хари Реднап, даде многу контроверзна изјава, нарекувајќи г…