Дома Фудбал Македонија во Прага третпат ќе игра против Саудиска Арабија – досега немаме победа! (Видео)

Македонија во Прага третпат ќе игра против Саудиска Арабија – досега немаме победа! (Видео)

На стадионот „Викторија Жижков“ во Прага, македонската фудбалска репрезентација денеска ќе одигра пријателски меч со Саудиска Арабија, кој ќе послужи како последна проверка пред продолжението од квалификациите за Светското првенство.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски во недела, на 7 септември, на домашен терен ќе го пречекаат Лихтенштајн во натпревар од големо значење за пласманот на Мундијалот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Иако станува збор за контролен меч, Милевски очекува целосна ангажираност од сите фудбалери.

„Сакам секој играч да го покаже својот максимум и да ја зголеми конкуренцијата во тимот. Ова е шанса и за оние со помала минутажа или кои штотуку го решија клупскиот статус. Најважно е сите да бидат здрави и подготвени за недела. Саудиска Арабија е редовен учесник на Светските првенства и дуелот го гледам како голем предизвик“, изјави селекторот.

Македонија досега има одиграно два натпревари со Саудиска Арабија, и двата пријателски. Првиот, во 2021 година во Ријад, заврши 1-1, додека во вториот, во 2022 во Абу Даби, нашата селекција беше поразена со минимални 1-0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oфицијално: Грем Потер стана селектор!

Во текот на изминатите неколку дена оваа вест беше тема на разговор, а сега е официјално п…