
Македонската фудбалска репрезентација утревечер од 20:45 часот ќе го одигра последниот натпревар од тековната квалификациска сезона за Светското првенство, и тоа на гостински терен против селекцијата на Велс.
„Црвено-жолтите“ и понатаму ја бранат серијата без пораз, а амбицијата е така и да остане по утрешниот дуел. Атмосферата во Велс веќе е подгреана – стадионот во Кардиф е целосно распродаден. Капацитетот од 33.280 места е исполнет, а околу седумстотини македонски навивачи ќе ја бодрат нашата репрезентација од трибините.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Кога станува збор за составот на домаќинот, Велс ќе биде посилен за враќањето на Нејтан Бродхед од Врексам и Хери Вилсон од Фулам. Сепак, селекторот нема да може да смета на Бен Дејвис и Кифер Мур, кои поради повреди се надвор од комбинација за овој меч.