
Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го одигра дуелот против Ирска во Даблин, натпревар кој нема резултатско значење по поразот од Данска во полуфиналниот бараж. Сепак, избраниците на Гоце Седлоски ќе се обидат да остават подобар впечаток и да се рехабилитираат по убедливиот пораз.
Пред македонските фудбалери стои сериозен предизвик, со оглед дека натпреварот ќе се игра на распродадениот Авива стадион, каде трибините ќе бидат исполнети исклучиво со домашни навивачи. Поддршка од македонските фанови овојпат ќе изостане.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во таква атмосфера, нашите репрезентативци ќе се обидат да извлечат позитивен резултат против мотивираниот домаќин.
Почетокот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.