Дома Фудбал Македонија може да добие засилување – фудбалер кој потекнува од Куманово, а веќе играл за Косово!

Македонија може да добие засилување – фудбалер кој потекнува од Куманово, а веќе играл за Косово!

Македонската фудбалска репрезентација би можела да добие ново засилување за продолжението од квалификациите за Светското првенство 2026. Според пишувањата на албанските медиуми во земјава, постои голема веројатност дресот на „жолто-црвените“ да го облече искусниот швајцарски фудбалер со кумановско потекло – Валон Хамдиу.

Станува збор за 27-годишен играч за врска со дефанзивни карактеристики, кој моментално настапува во романската елита за екипата на Униреа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Неговата кариера започнала во Швајцарија, каде ги носел дресовите на Винтертур, Белинцона и Шафхаузен. Хамдиу има одиграно натпревари за младата селекција на Косово, чии документи исто така ги поседува, но бидејќи нема официјален настап за сениорскиот национален тим, може да го засили составот на Македонија.

„Рисовите“ во моментов се лидери во групата Ј со 11 освоени бодови од пет меча, еден повеќе од Белгија, која има натпревар помалку. Токму Белгијците се следниот предизвик за избраниците на Благоја Милевски – дуел што ќе се игра на 10 октомври во Брисел и кој би можел да биде пресуден за амбициите во трката за директен пласман на Мундијалот.

До крајот од квалификациите Македонија ќе ги одигра уште три средби: против Белгија и Велс на гости и Казахстан дома.

Фото: valonhamdiu/Instagram

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Издаден налог за апсење: Поранешниот фудбалер на Јувентус и Баерн се најде во голем проблем!

Бразилскиот фудбалер Даглас Коста се соочува со сериозни правни проблеми, откако судот во …