Дома Фудбал Македонија ќе одигра натпревар против Саудиска Арабија!

Македонија ќе одигра натпревар против Саудиска Арабија!

Македонската фудбалска репрезентација на 4 септември ќе одигра пријателски натпревар против Саудиска Арабија, во рамки на официјалниот ФИФА термин. Средбата ќе се одржи на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, со почеток во 17 часот.

Ова ќе биде трет судир меѓу двете селекции. Првиот се одигра на 1 август 2001 година во Ријад и заврши 1:1, а вториот на 22 октомври 2022 година во Абу Даби, кога Саудиска Арабија славеше со 1:0 против македонска селекција составена од играчи од домашното првенство.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Дуелот во Прага ќе биде добра прилика за избраниците на селекторот Благоја Милевски да ја тестираат формата и тактички да се подготват пред продолжението на квалификациите за Мундијалот 2026. Веќе на 7 септември, нашата репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе бара 240 милиони евра, додека ПСЖ бара 180 од него

Килијан Мбапе беше во фокусот на судска битка помеѓу него и клубот Пари Сен-Жермен. Откако…