Дома Фудбал Македонија ја чека скок на најновата ранг-листа на ФИФА

Македонија ја чека скок на најновата ранг-листа на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација зад себе остави тежок и разочарувачки настап во Кардиф, каде што доживеа убедлив пораз од Велс со 1-7 во последното квалификациско коло за Светското првенство. Иако резултатот беше еден од најтешките во поновата историја, најновите пресметки покажуваат дека „црвено-жолтите“ сепак ќе се искачат едно место повисоко на ФИФА ранг-листата.

Според проекциите на специјализираниот портал „Фудбал-Ранкинг“, Македонија во претстојното ажурирање треба да се најде на 64. позиција, што претставува минимален, но значаен напредок во контекст на тежок квалификациски циклус. Пред нашата селекција и понатаму ќе останат Албанија и Буркина Фасо, кои со своите резултати го задржаа чекорот пред нас.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


На самиот врв на светската ранг-листа нема да има промени – Шпанија останува водечка репрезентација, додека веднаш зад неа се редат Аргентина, Франција, Англија и Бразил

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри кажа ДА! Милан од јануари ќе има нов напаѓач!

Како што пренесуваат сите италијански медиуми, Милан ќе има нова деветка од јануари. Се шп…