Дома Фудбал Македонија доживеа пад на најновата ФИФА ранг листа

Македонија доживеа пад на најновата ФИФА ранг листа

Македонската фудбалска репрезентација забележа мал пад на најновата ранг-листа на ФИФА и сега се наоѓа на 65-тото место во светот, што е две позиции пониско во однос на претходното издание.

„Црвено-жолтите“ во октомврискиот квалификациски прозорец за Светското првенство 2026 одиграа два натпревари без победник — првиот, вреден и неочекуван бод на гостувањето кај Белгија, и вториот, разочарувачки резултат пред домашна публика против селекција која важеше за аутсајдер. Тие исходи ѝ донесоа на Македонија скромни 2,1 бодови, но поради напредокот на неколку конкуренти, тоа резултираше со благо назадување на листата.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


На врвот нема промени — Шпанија останува лидер, а Аргентина ја претекна Франција и се искачи на втората позиција. Напредок од едно место бележат Холандија и Италија, додека Германија се врати меѓу најдобрите десет со скок од две позиции, па така од елитното друштво испадна Хрватска. Целосната ФИФА листа може да се погледне ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Снајдер е убеден: Овие четири репрезентации се фаворити за Светското првенство

Поранешниот холандски фудбалер, Весли Снајдер (41), во разговор за шпанскиот весник Марка …