Дома Останати Кошарка Магија на Словенецот: Дончиќ играше одлично, но Лејкерс загубија (Видео)

Магија на Словенецот: Дончиќ играше одлично, но Лејкерс загубија (Видео)

Кошаркарите на Феникс ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 113:104 во подготвителен натпревар пред почетокот на новата сезона во НБА лигата.

Ова беше трет пораз за Лејкерс од четири подготвителни натпревари, а во дуелот против Санси за првпат заигра Лука Дончиќ, кој на теренот мина 22 минути.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


За тоа време Дончиќ постигна 25 поени (7/15 од игра, 4/8 за три, 7/8 од пеналите) со седум скокови и четири асистенции.

Го следеше Остин Ривс исто така со 25 поени, кој за 31 минута забележа и четири фатени топки, но ни тоа не помогна да избегнат пораз.

Двоцифрен беше уште Диандре Ејтон со 10 кошеви, а Леброн Џејмс не играше по одлука на тренерот.

Сансите до триумфот ги водеше Џеред Батлер со 35 поени и седум скокови, Џордан Годвин ги запиша 24 кошеви.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Србинот е незапирлив: Уште едно признание за Никола Јокиќ (Фото)

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ е прогласен за играч на месец ноември во Западната конфер…