Дома Фудбал Maгија на Шенѓун: Погледнете како го збесна Антетокумпо и поентираше (Видео)

Maгија на Шенѓун: Погледнете како го збесна Антетокумпо и поентираше (Видео)

Хјустон Рокетс извојуваа победа над Милвоки Бакс синоќа на гостински терен со резултат 122:115, а највозбудливиот момент се случи во последните секунди на средбата.

Со 33 секунди до крајот на натпреварот, Хјустон водеше со 117:115 и беше во напад, кога Алперен Шенгун ја примаше топката под својот кош, а Јанис Антетокумпо играше агресивна одбрана врз него.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Висок цели 211 сантиметри, Шенгун, кој беше под притисок од еден од најдобрите одбранбени играчи во светот, демонстрираше леснотија во дриблинзите кои се својствени за елитни бекови како Стеф Кари или Шеј Гилџес-Александер.

Со серија на дриблинзи, меѓу кои и еден зад грб, Шенгун го надмудри Јанис, напаѓајќи го кошот и дури при прекршокот од Мајлс Турнер успеа да погоди и така ја потврди победата.

Шенгун заврши со 23 поени, 11 скокови и 7 асистенции, додека Кевин Дурант блескаше со 31 поен и 7 асистенции. Од друга страна, Јанис постигна 37 поени и имаше 8 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќерката на легендарниот фудбалер е вистинска „бомба: На 19 години веќе заработува богатство!

Ќерката на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти сè повеќе го привлекува вниманието…