Дома Фудбал Италија Maурицио Сари ја објасни ситуацијата со „отпишаните“ во Јувентус

Maурицио Сари ја објасни ситуацијата со „отпишаните“ во Јувентус

Tренерот на Јувентус, Маурицио Сари зборуваше за ситуациите со Марио Манџукиќ и Емре Чан.

И едниот и другиот Сари ги изостави од списокот за играчи кој го пријави за Лигата на шампионите, па секако и двајцата се незадоволни.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Манџукиќ е на добар пат да го напушти Торино и пред неколку требаше да заврши во Катар, но наводно тој трансфер бил стопиран во последен момент. Како што се пишуваше Хрватот не бил задоволен од тоа каков бил теренот каде што треба да игра и тренери. Сега се поврзува со неколку клубови од Премиер лигата меѓутоа таму трансфер периодот е затворен. За Чан засега нема нешто конкретно, меѓутоа јасно е дека и тој не е среќен.

„Манџукиќ бара клуб. Чекаме пазарот да се затвори и во другите земји. Ако остане ќе сметам на него. Емре Чан? Жал ми е што го изоставив, но морав тоа да го направам. Морам да го мотивиран. Неговите изјави се нормални затоа што секој сака да игра во Лигата на шампионите. Ќе се обидам да го вратам психолошки“, изјави Сари.

Јувентус утре го пречекува СПАЛ и сака да ја запише петтата победа и да ја продолжи трката за првото место каде што се наоѓа Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Од Реал Мадрид заминува и последниот член на семејството Зидан

Реал Мадрид во новата сезона ќе влезе без ниту еден претставник од семејството Зидан и так…