Англија Европското првенство ќе го отвори со натпреварот против Хрватска на „Вембли“.
Неделниот натпревар помеѓу овие две селекции привлекува големо внимание, а пред овој дуел зборуваше фудбалерот на Челзи Мејсон Маунт.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Одличниот фудбалер истакна дека неодамна добил дрес од Лука Модриќ во натпреварот помеѓу Реал и Челзи.
„Го прашав Ковачиќ да ми „среди“ за дрес од Модриќ. Лука потоа го побара мојот во вториот меч и ми посака среќа“.
Тврди дека добро го познава Модриќ.
„Секогаш бил фудбалер на кој сум му се угледувал. Беше чудно да се игра против него. Го гледав навистина многу и му го знаев секое негово движење“, истакна Маунт.
Маунт првиот настап за Англија го имаше во 2019 година и од тогаш собра 16 натпревари и постигна четири гола.