Немања Матиќ беше еден од фудбалерите кои беа во центарот на вниманието во дербито помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи.
Српскиот фудбалер одигра одличен натпревар и порача дека со добриот настап сакал да порача дека заслужува да го носи дресот на клубот за кој настапува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да потсетиме Матиќ за сума од 45 милиони евра ова лето се пресели од Челзи во Манчестер Јунајтед.
„Играв за Челзи три ипол години, но сега дадов се од себе против нив. Сакав да покажам квалитет. Немав желба да се докажувам на другата страна, само сакав да им покажам на навивачите на Јунајтед дека заслужувам да го носам црвениот дрес. Ова беше голема победа и се надевам дека ќе продолжам со добрите настапи“.
„Не сакам да зборувам за причините поради кои заминав од Челзи. Тоа ќе го задржам за себе. Среќен сум во Манчестер Јунајтед и тоа е тоа. Трансферот на „Олд Трафорд“ беше полн погодок за мојата кариера“, изјави Матиќ.