Дома Фудбал Италија Maнчини: Мурињо ми кажа да не одам напред, не го послушав и дадов гол

Maнчини: Мурињо ми кажа да не одам напред, не го послушав и дадов гол

Вчера Рома славеше со 5:1 против ЦСКА Софија, еден од стрелците во овој натпревар беше Мачини.

Манчини погоди во 82. минута кога на еден корнер отиде напред иако Мурињо му кажал да остане позадин.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Го прашав Мурињо, ми кажа да останам назад на корнерите. Но во таа ситуација чувствував дека можам да дадам гол, па не го послушав и отидов напред. Кога го постигнав голот дојдов до него и му го кажав тоа“.

Дека навистина било така потврди и Мурињо на неговиот Инстаграм профил.

„Кога фудбалер ќе те праша дали може да оди напред на корнер и ти ќе му кажеш не, а тој ќе отиде и ќе даде гол можеш само да се насмееш“, стои во објавата на португалскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално соопштение од Њукасл како одговор на објавата на Исак

Официјално соопштение од Њукасл како одговор на објавата на Исак „Разочарани сме текстот н…