Манчестер Јунајтед е спремен да понуди 120 милиони евра за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, пренесуваат британските и италијанските медиуми.
Нигерскиот ас е главна мета на Јунајтед за летнито преоден рок поради неговите одлични настапи во Серија А каде што сезонава постигна 16 голови на 17 натпревари. Стратегот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг со доведувањето на Осимен би го решил проблемот во нападот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марсијал е склон на повреди и веќе е на излезни врати, Холанѓанецот Вегхорст е на позајмица и така Јунајтед практично би останал само со Маркус Рашфорд за следната сезона.
Ако се реализираат ваквите најави Осимен би станал втор најплатен фудбалер во историјата, веднаш зад Енцо Фернандез за кого Челзи во јануарскиот преоден рок плати 121 милион евра. Интересно е што конкурент за потписот на Осимен на Манчестер Јунајтед може да му биде токму Челзи.
Il #ManchesterUnited sarebbe pronto a tutto pur di aver #Osimhen. Il club inglese ha individuato nel centravanti l’uomo giusto per completare il reparto avanzato. Ten Hag spinge per il capocannoniere della #SerieA #CorrieredelloSport #Napoli #Calciomercato #PremierLeague pic.twitter.com/K9dtL7pSO1
— Corriere dello Sport (@CorSport) February 7, 2023