Дома Трансфер зона Maнчестер Јунајтед добива засилување од Арсенал за 20 милиони фунти?

Maнчестер Јунајтед добива засилување од Арсенал за 20 милиони фунти?

Aрсенал и Манчестер Јунајтед договориле интересен трансфер.

„Топџиите“ со големиот ривал се договориле за продажба на дефанзивецот Мејтланд-Најлс (23). Трансферот се очекува да изнесува 20 милиони фунти со можност за дополнителен пораст преку одредени бонуси.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Работата според она што се пишува е 80% завршена и се очекува наскоро да има и официјална потврда за трансферот на 23 годишниот дефанзивец.

Мејтланд-Најлс комплетната кариера ја помина во Арсенал. Единствено беше на позајмица во Ипсвич, клубот сега одлучил да го продаде на „Олд Трафорд“.

Најлс е пред заминување, а веќе сигурно е дека клубот ќе го напушти Сеад Колашинац кој ќе се пресели во Бундеслигата во редовите на Баер Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…