По доминацијата во англискиот фудбал, Манчестер Сити конечно успеа во целост да го засени градскиот ривал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во последните десет години „граѓаните“ имаат седум титули во Премиер лигата, а сега го надминаат градскиот ривал по годишниот приход.
Манчестер Сити остварил рекорден приход од 712.8 милиони фунти во финансиската година 2022/2023 и тоа е рекорд во Премиер лигата.
Досега рекордот го држеше нивниот градски ривал со 648.4 милиони фунти. Оваа добивка на Сити е за дури 80.4 милиони фунти поголема од минатогодишниот клупски рекорд (41.7 милиони фунти).
До ваквиот профит Манчестер Сити стигна откако во минатата година освои тројна круна – Премиер лига, ФА Куп и Лига на шампиони.