Мохамед Салах и Саидо Мане и се вистински предводници на одличниот тим на Ливерпул кој во на последниот натпревар го декласираше Порто со 0:5.
Англиските статистичари успеаа да пронајдат еден интересен податок. Имено, Ливерпул е најефикасен во својата трета гарнитура на дресови – портокаловите. Медиумите во Англија тврдат дека токму тие ја носат „напаѓачката среќа“ на „црвените“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со овие дресови Ливерпул настапуваше и во споменатиот натпревар против Порто во Лигата на шампионите.
Кога се ќе се собере, Ливерпул одигра шест натпревари во портокаловата опрема, а на овие натпревари фудбалерите на Јирген Клоп постигнаа неверојатни 24 погодоци. Кога ќе се додаде дека Ливерпул овие дресови ги носи само на гостувањата податокот е уште повеќе импресивен.