Поранешниот аргентински фудбалер Хавиер Маскерано би можел да се врати во Барселона каде што би имал функција на тренер во младинските категории.




Маскерано на „Камп Ноу“ помина осум години, а во 2018 година премина во Кина, две години подоцна ја заврши кариерата. Во овој момент Маскерано е селектор на репрезентацијата на Аргентина до 20 години и во Барселона размислуваат да му доделат некоја слична улога.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Вториот план е Маскерано да стане тренер на Барселона Б што за Аргентинецот сигурно би бил поголем предизвик.




Ќе потсетиме Барселона на местото тренер го врати Чави, а набрзо по него се врати и Дани Алвес. Сега би можел на „Камп Ноу“ да стигне нов повратник.