Дома Трансфер зона Maнчестер Јунајтед ќе го засилува нападот со играч од 120 милиони евра?

Maнчестер Јунајтед ќе го засилува нападот со играч од 120 милиони евра?

Манчестер Јунајтед е спремен да понуди 120 милиони евра за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, пренесуваат британските и италијанските медиуми.

Нигерскиот ас е главна мета на Јунајтед за летнито преоден рок поради неговите одлични настапи во Серија А каде што сезонава постигна 16 голови на 17 натпревари. Стратегот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг со доведувањето на Осимен би го решил проблемот во нападот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Марсијал е склон на повреди и веќе е на излезни врати, Холанѓанецот Вегхорст е на позајмица и така Јунајтед практично би останал само со Маркус Рашфорд за следната сезона.

Ако се реализираат ваквите најави Осимен би станал втор најплатен фудбалер во историјата, веднаш зад Енцо Фернандез за кого Челзи во јануарскиот преоден рок плати 121 милион евра. Интересно е што конкурент за потписот на Осимен на Манчестер Јунајтед може да му биде токму Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…