Aрсенал и Манчестер Јунајтед договориле интересен трансфер.
„Топџиите“ со големиот ривал се договориле за продажба на дефанзивецот Мејтланд-Најлс (23). Трансферот се очекува да изнесува 20 милиони фунти со можност за дополнителен пораст преку одредени бонуси.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Работата според она што се пишува е 80% завршена и се очекува наскоро да има и официјална потврда за трансферот на 23 годишниот дефанзивец.
Мејтланд-Најлс комплетната кариера ја помина во Арсенал. Единствено беше на позајмица во Ипсвич, клубот сега одлучил да го продаде на „Олд Трафорд“.
Најлс е пред заминување, а веќе сигурно е дека клубот ќе го напушти Сеад Колашинац кој ќе се пресели во Бундеслигата во редовите на Баер Леверкузен.